Тухел: Ги сакавме Халанд, Лукаку и Левандовски – управата не сакаше да слушне

Томас Тухел, менаџерот на Челзи ја одржа првата прес-конференција по доаѓањето на Ромелу Лукаку, најголемото засилување на европскиот шампион ова лето.

Германецот не го криеше задоволството што во својот тим ќе го има белгискиот голгетер, но одговори и на прашањето на новинарите во врска со трансферот на Ерлинг Халанд.

Норвежанецот долго време се споменуваше како прва желба на „сините“, но неговиот трансфер не се случи летово.

„Се обидовме да ги доведеме и Халанд и Лукаку. Го сакавме и Левандовски зад нив двајца како „десетка“. За жал, раководството не сакаше да слушне“, се пошегува Тухел.

Лукаку по седум години се враќа на „Стемфорд Бриџ“ откако тогаш се пресели во Евертон, а уште играше за Манчестер Јунајтед и Интер.

Белгиецот го чинеше Челзи 115.000.000 евра, а со околу 340 милиони евра, тој стана најскапиот фудбалер на „сините“ на сите времиња кога ќе ја пресмета вкупната сума.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.