• Саше Љолес
Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, изрази големо задоволство од премиерната победа на Светското првенство против Хрватска (4-2), воедно упатувајќи молба до ФИФА да изврши една промена во протоколот.
Германскиот стратег го пофали тимот за одличниот пристап против „коцкестите“, но нагласи дека видел и одредени сегменти кои можат да се усовршат.
„Имавме добар ден, одигравме солиден меч и заслужено ја совладавме Хрватска. Играчите го одработија договореното, немам никакви замерки, само можам да ги пофалам за пристапот“, изјави Тухел.
Германецот се осврна и на еден момент за време на интонирањето на химните, кога се „пожали“ дека не можел убаво да ги види своите играчи од фотографите што стоеле на теренот.
„Ја молам ФИФА да изврши промена, затоа што навистина не можев да ги видам своите играчи за време на химната. Тоа беше специјален момент што го очекував, но пред мене стоеја можеби 50 фотографи и не можев да видам ништо“, рече Германецот.
| This was the point of view of Thomas Tuchel during the national anthem who was with the wall of photographers.pic.twitter.com/uQlYQ5xs6V
— CentreGoals. (@centregoals) June 18, 2026
Англија засега го потврдува фаворитскиот статус во групата Л. Тимот на Тухел ги освои првите три бода, исто колку што има и селекцијата на Гана. Токму овие два тима ќе се соочат во второто мундијалско коло.





