Тухел е гениј: За четири месеци со Челзи победи шест тренерски великани

Томас Тухел го препороди Челзи. Тимот кој делуваше безидејно, во изминатиот период е хит, се крена меѓу најдобрите во Премиер лигата, а ќе игра и финале во Лигата на шампионите.

Германецот е на кормилото на тимот од Лондон само четири месеци, а успеа да победи шест тренерски великани. Пред Томас Тухел паднаа Зинедин Зидан (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Јирген Клоп (Ливерпул), Диего Симеоне (Атлетико, двапати), Жозе Мурињо (екс-Тотенхем) и Карло Анчелоти (Евертон).

Импресивното нешто е што кога Челзи победуваше во средбите со тимовите на овие тренери, тоа го правеше без да прими гол! Исто така, голем податок е што Тухел е првиот тренер кој две сезони по ред игра финале во ЛШ, со два различни клуба.

Германскиот генијалец ќе има шанса уште еднаш да се сретне со Пеп Гвардиола, овој пат во финалето на Лигата на шампионите, закажано на 25 мај во Истанбул на стадионот „Ататурк“.