Тухел: Динамо не ме изненади, а не го ни потценивме противникот

Екипата на Челзи иако важеше за голем фаворит, запиша пораз на гостувањето кај Динамо Загреб на стартот во Лигата на шампионите. „Сините“ имаа шанси кои не ги реализираа, а домаќинот во Хрватска одигра перфектно во дефанзивата и дојде до голем триумф. 

По дуелот, анализа на виденото даде Томас Тухел, кој го изрази своето незадоволство. 

„Не ги реализиравме своите шанси на стартот, па примивме гол од контра. Потоа се мачевме во креација. Дали очекував ваков Динамо? Очекувањата ми беа дека Челзи ќе биде подобар, но одигравме лошо. Лут сум на себе за играта, ова не беше доволно и затоа загубивме. 

Динамо не ме изненади, очекував вака да изгледаат на теренот. Јас не го потценив ривалот, а ако играчите го потцениле, тогаш имаме проблем“, рече Тухел.

Челзи шансата за први бодови во елитното натпреварување ќе ја бара следната седмица против Салцбург

Состави

Анте Чачиќ

3-5-2

    Грем Потер

    3-4-3