• Иван Димовски

Фудбалерите на Челзи ќе го дочекаат Лил во рамките на првата осминафинална пресметка во Лигата на шампионите. „Сините“ се бранител на европскиот трон, па поради тоа важат за фаворит во двомечот, но и во повеќето други натпревари.
Сепак, против „догите“ нема да им биде лесно, а за тоа е свесен и самиот Томас Тухел. Меѓу другото, на прес-конференцијата Германецот зборуваше и дека не е лесно да си напаѓач во Челзи.
„Сите знаеме дека францускиот фудбал е физички, напаѓачите се брзи и храбри, многу дисциплинирани со топка и Лил има шанса да игра како аутсајдер. Секогаш кажувам, респект за играта, респект за противникот и само подготовка на тимот.
Историјата за маката на напаѓачите на Челзи продолжува. Можеби не е најлесно на светот да играш на таа позиција во клубов. Челзи е силен тим дефанзивно, со одреден однос за компетитивен фудбал. Побарувањата од напаѓачите во дефанзивниот дел се големи. Сакаме да играме физички, со многу работа од групата, ама се трудиме и да покажеме креативност. Ова е комплексен спорт и ќе продолжиме со верба и тимски дух“, изјави Тухел.
Челзи, покрај трофејот во Лигата на шампионите, стигна и до титулата на Светското клупско првенство, па и оваа сезона има силни амбиции на повеќе фронтови.