• Горан Упале

Баерн Минхен може да загуби со 3-0, но никогаш нема да се предаде, особено не во Лигата на шампионите. Баварците веруваат дека предноста на Манчестер Сити, стекната на првата четвртфинална средба на „Итихад“, може да се надомести во Минхен.
„Ние сме во период на промени, големи играчи го напуштија клубот, потоа беше сменет тренерот. Но, Баерн е голем клуб и затоа сите имаме голема одговорност. Сè може да се случи, особено кога ќе го погледнете првиот натпревар и начинот на кој Сити нè казни. Тимот на Пеп Гвардиола е еден од најдобрите во светот, но ние сме подготвени. Вратата е секогаш отворена, мора силно да влеземе внатре“, изјави Тухел.
И Томас Милер смета дека предноста на Сити не е недостижна и го навести идеалното сценарио за Баерн.
„Верувам дека сè уште имаме шанси да се пласираме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Мораме добро да го започнеме натпреварот, можеби да постигнеме барем еден гол во првото полувреме. Не мора да водиме со 3-0 по првите десет минути, но мораме да постигнеме барем еден гол во првото полувреме. Ако постигнеме втор гол до 80. минута и не примиме, ќе имаме уште петнаесет минути. Верувам дека сè можно“, рече Милер.
Покрај средбата во Минхен, вечерва за пласман во полуфиналето ќе се борат Интер и Бенфика.