• Саше Љолес
Новиот привремен тренер на Тотенхем, Игор Тудор, изјави дека нема време да се бараат изговори за лошите резултати на тимот и дека ситуацијата во Премиер лигата е неприфатлива.
Тудор беше именуван за наследник на Томас Франк откако тимот забележа низа лоши игри и резултати, оставајќи го клубот во опасност од испаѓање, со само пет бодови над опасната зона, со уште дванаесет кола до крајот на сезоната.
Тој ја опиша моменталната состојба како тешка, со многу повредени играчи, но порача дека секој во тимот мора да даде повеќе и дека фокусот е на самопоуздавање, храброст и конкретни резултати на теренот.
„Ситуацијата и моменталната позиција на табелата се неприфатливи за Тотенхем. Мора да ја кренеме формата и да најдеме модус за да оствариме низа добри резултати.
Ова е голем клуб кој не заслужува да се наоѓа во ваква непријатна положба. Сакам да бидеме успешни, затоа со мојот стручен штаб ќе посветиме максимални напори за излез од оваа криза“, изјави Тудор.
Тудор ќе дебитира како тренер на Тотенхем на 22 февруари, во дербито против градскиот ривал Арсенал.










