Тудор: Среќен сум за победата, но не сум сигурен дали ја заслуживме

Предводникот на екипата на Јувентус, Игор Тудор, беше искрен на прес-конференцијата после дербито против Интер (4-3) и призна дека очекувал многу повеќе од своите фудбалери. 

Хрватскиот стратег е задволен од победата и четирите постигнати погодоци, но рече дека не е сигурен дали неговиот тим ги заслужил трите бода.

„Имавме многу подеми и падови во играта, но успеавме да победиме исклучително силен и квалитетен тим. Задоволни сме од триумфот, но не сум сигурен дали вистински го заслуживме. 

Можевме да бидеме многу подобри во позиционирањето и пресингот. Имавме среќа, Интер е тим од светска класа. Ако не се подобриме во овој сегмент, ќе имаме проблеми со другите ривали.

Има уште 35 кола до крајот, ова е само почеток и не треба да се залетуваме“, рече Тудор. 

Најтрофејниот италијански тим има максимални девет бодови после три одиграни натпревари од новата сезона. Во следното коло Јувентус ќе ја има фаворитската улога на гостувањето кај Верона.  

ФОТО/PHOTO: Juventus/Facebook