Тудор: Кој не сака да биде на овој брод, може слободно да го напушти!

Новиот предводник на Тотенхем, Игор Тудор, го прокоментира поразот од Кристал Палас во Премиер лигата (1-3), со кој неговиот тим уште повеќе ја продлабочи ужасната резултатска криза. 

„Петлите“ не знаат за победа веќе десет натпревари, но Тудор оптимистички изјави дека видел позитивни работи во играта, и покрај убедливиот пораз пред своите навивачи. 

„Можеби ќе звучи чудно, но сега верувам во тимот уште повеќе отколку на почетокот. Видов нешто позитивно, ќе морам да ги одберам најдобрите играчи и ќе се потрудиме овој брод да не замине во непосакуван правец. Сите што сакаат да се тука, можат да останат, во спротивно, можат слободно да го напуштат бродот“, рече Хрватот. 

Оваа изјава беше прифатена со потсмев од дел од навивачите на Тотенхем, кои се во очајна желба за подобри резултати на следните натпревари. Лондонскиот премиерлигаш е во незавидна ситуација и ќе се бори за опстанок во елитното англиско друштво.