ВИДЕО: Тудор го запоседна врвот, Олимпик Марсеј суверено го освои Анжер

Ако во Европа не му оди најдобро и загуби во двата натпревари од групата на Лигата на шампионите, против Тотенхем и Ајнтрахт, поранешниот шампион на Европа, Олимпик Марсеј доминира во Лига 1. По ремито со Рен пред тринаесет дена, екипата на Игор Тудор се врати во победнички ритам и однесе полн плен од гостувањето кај Анжер

  • Извештај од натпреварот: 

По убедливата победа од 0-3 на гости кај Анжер, нивна седма победа во првите девет кола во новата сезона, Олимпик Марсеј ќе преноќи на првото место на табелата во шампионатот на Франција

Жонатан Клаус го отвори резултатот во 35. минута, а потоа Колумбиецот Луис Суарез во 50. минута и Бразилецот Жерсон девет минути подоцна ги постигна финалните 0-3. 

Олимпик Марсеј е лидер со 23 бода, еден повеќе од Пари Сен-Жермен, кој утре ја пречекуваа Ница.

Состави

Alexandre Dujeux

4-2-3-1

    Џенаро Гатузо

    3-4-2-1