ВИДЕО: Тудор го шокира Мурињо, Лацио едвај до реми против Каљари

Игор Тудор одлично дебитираше на клупата на Верона и по само неколку тренинзи со фудбалерите донесе нова енергија. Во претпоследниот денешен натпревар од четвртото коло на Серија А, „фенерџијата“ Верона ја совлада непоразената Рома со 3-2 (0-1). Ова е прв пораз по шест официјални победи во Серија и Конференциската лига на УЕФА за тимот на Жозе Мурињо. 

  • Верона - Рома 3-2: 

„Волчицата“ поведоа преку Лоренцо Пелегрини и неговиот ефектен гол во финишот на првиот дел. На почетокот од вториот дел Чехот Барак и Албанецот Капрари целосно го свртеа резултатот и донесоа предност за „љубовџиите“.

Со автоголот на Илиќ римјани брзо израмнија, но поранешниот фудбалер на Интер, Давиде Фараони постигна прекрасен гол за 3-2 во 63. минута.

Римски Лацио ја комплетираше ужасната недела со домашно реми против Каљари (2-2), по двата порази без постигнат гол од Милан и Галатасарај. Лацио одлично започна на „Олимпико“ против Каљари и поведе пред одморот преку Имобиле. Сепак, на почетокот од вториот дел израмни Жоао Педро, а Кеита Балде во 62. минута реализира комплетен пресврт и водство на екипата на Мацари со 1-2. Во финишот, кога Сари ги фрли сите „карти“ во нападот, реми обезбеди Каталди во 83. минута (2-2). Гостинскиот фудбалер Марко Цапа, заради два жолти картони, беше исклучен во надополнувањето. 

  • Лацио - Каљари 2-2: 

Тиаго Мота со Специја запиша битна победа против новиот прволигаш Венеција, на гостински терен, со 1-2 (0-1). Бастони и Бурабиа (во судиското надополнување) ги постигнаа головите за гостите, а Чекарини погоди за домаќините.

  • Венеција - Специја 1-2: 

Вечерва во Торино се игра дербито меѓу Јувентус и Милан, а четвртото коло се затвора утре со натпреварот меѓу Удинезе на Илија Несторовски и Ељиф Елмас. 

Состави

Игор Тудор

4-4-2

    Жозе Мурињо

    4-4-2