Тудор: Ако јас се прашувам, не би дозволил Влаховиќ да замине од Јуве

Новиот тренер на Јувентус, Игор Тудор, зборуваше со пофални зборови за напаѓачот Душан Влаховиќ, кој впиша две асистенции во победата над Лече. 

Хрватскиот стратег го врати Влаховиќ во првиот состав и делува дека има голема доверба во него, а по натпреварот изјави дека лично тој не би дозволил Србинот да замине во текот на летото. 

„Душан е голем борец и одличен играч. Придонесе со две аситенции во победата, јас сум презадоволен од неговото издание. Ако мене ме прашувате, никогаш не би дозволил да замине од Јувентус“, изјави Тудор. 

Гигантот од Торино e на четвртата позиција во Серија А со 57 бода на своето салдо. Учинокот на Влаховиќ сезонава изнесува 14 голови и пет асистенции во сите натпреварувања.