ВИДЕО: Тросард со хет-трик го замолкна „Енфилд“, Галагер спасител на Челзи

Ливерпул

Брајтон во финишот стигна до сензација на „Енфилд“ и му откина бодови на Ливерпул (3-3). Гостите задодоа два брзи удари преку Трусар и најавија дека ќе му го загорчат животот на тимот на Јирген Клоп.

  • Ливерпул - Брајтон 3-3:

Меѓутоа домашната екипа заигра подобро и најпрво намали преку Роберто Фирмино. Истиот фудбалер израмни, а трагичар на натпреварот можеше да биде Вебстер, кој си постигна автогол во второто полувреме. Расположениот Трусар погоди под пречката во 83. минута и донесе молк на трибините, а голема радост за гостинскиот табор, воден од новиот менаџер Де Зерби.

Челзи победнички замина од гостувањето кај Кристал Палас (1-2). Лондонскиот клуб прими погодок уште во седмата минута, па мораше да брка негатива. За егал погоди Пјер Емерик Обамејанг, а во продолжението младиот Конор Галагер со прекрасен гол го спаси тимот предводен од Грем Потер. Ова е прв гол за младиот креативец сезонава, постигнат против поранешниот клуб. 

  • Кристал Палас - Челзи 1-2: 

Њукасл го „растури“ Фулам (1-4), кој остана без својот прв напаѓач Александар Митровиќ. Српскиот ас се повреди и ги загрижи фановите на клубот, но и на српската репрезентација.

  • Фулам - Њукасл 1-4: 

  • Саутемптон - Евертон 1-2:

Гостинско славје запиша Евертон кај Саутемптон (1-2), а без голови играа Борнмут и Брентфорд (0-0).

Состави

Јирген Клоп

4-3-3

    Roberto De Zerbi

    3-4-2-1