Трумчи: Среќен сум за деби-голот, голема е сатисфакцијата од оваа победа

Шкендија демонстрира сила и го декласира Вардар со 4-0 во дербито од осмото коло на ПМФЛ: 

Стрелец на првиот гол за тетовчани беше дефанзивецот Александер Трумчи, кој го даде дебитантскиот погодок за Шкендија. По натпреварот тој не го криеше задоволството за резултатот и голот. 

„Ова беше победа која носи голема сатисфакција. Публиката беше спектакуларна, нè поддржа одлично. Ние одигравме според замислите на тренерот. Можам само да му честитам на мојот тим, горди сме на постигнатото. 

Среќен сум дека го постигнав првиот погодок во овој голем клуб. Сепак, најважното нешто беше победата и трите бода во ова дерби. Голот беше само јаготка на шлагот“, изјави Трумчи.

Со оваа победа Шкендија го искористи ремито на Гостивар со шампионот и се врати на водечката позиција во лигата.