Трстена: Имаме златни момци, тие веќе испишаа историја

Македонија ги одбројува деновите. Останаа уште два до историскиот деби настап на нашата најдобра фудбалска селекција на Европското првенство, а во денешната емисија на ФФМ „Даваме поддршка за македонската репрезентација за успешен настап на натпреварите на Европското пренство“, гостин беше легендарниот Шабан Трстена.

Олимписки шампион и великан на македонскиот спорт вели дека Игор Ангеловски има златни момци кои со самиот пласман на овој собир испишаа историја во Македонија.

„Имаме златни момци кои за првпат обезбедија пласман на Европско првенство. Тие веќе испишаа историја. Во животот многупати сум бил во улога на аутсајдер, но тоа ми давало дополнителен мотив и сила за резултатите кои сум ги постигнал“, меѓу другото рече Трстена.

  • Гостувањето на Трстена:

Фудбалерите под палката на Ангеловски веќе неколку дена на романско тло се подготвуваат за дебито против Австрија, селекција од која во 2019 година ги загубивме двата квалификациски натпревари.