Трпевски ќе им суди на „пандевци“ и Шкендија, Тиквеш – Шкупи за Стојчевски

Паузата поради вториот овосезонски репрезентативен прозорец заврши, а со тоа прволигашите се враќаат на фудбалските борилишта.
 
Овој викенд на програмата следува десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое сите очи ќе бидат вперени кон дуелот во Струмица, меѓу Академија Пандев и Шкендија. Шампионот е пред нов сериозен испит во првенството, а на центарот на овој дуел ќе застане Стојанче Трпевски од Кавадарци. Нему ќе му помагаат Драган Трпчевски и Душко Панов, додека делегат на мечот ќе биде Тони Шалев, исто така од Кавадарци.

Лидерот Шкупи победничката серија ќе проба да ја продолжи во Кавадарци, каде го чека дуел со Тиквеш, а овој дуел Игор Стојчевски од Скопје. Пет натпревари од десеттото коло ќе се играат в сабота (14:00), додека ден порано ќе се судрат Работнички и Скопје.

  • Официјални лица за десетото коло во ПМФЛ: