Трпески од Кораб е првото летно засилување за Лабуништа 

Екипата на Лабуништа имаше одлична сезона во ВМФЛ-Запад, беше на чекор од бараж за Прва лига, но беше елиминирана од тимот на Тиквеш.

Сепак и покрај неуспехот, раководството на тимот веќе започна со своите планови за идната сезона и го договори своето прво летно засилување. Нов играч на тимот е Љупче Трпески, кој игра на позицијата централен бек и доаѓа од редовите на Кораб од Дебар. 

Од Лабуништа најавуваат дека Трпески наскоро ќе и официјално ќе биде презентиран за прво засилување, кое сигурно нема да биде и последно ова лето.