Тројца таленти потпишаа професионални договори со Работнички

Работнички продолжува со курсот за давање поддршка и шанса на младите фудбалери од својата академија. Во таа насока, во пресрет на вториот дел од шампионатот, раководството одлучи да потпише професионални договори со тројца фудбалери.

Рушту Јонуз, Матеј Ангелов и Бљенд Зекири ставија професионални потписи со поранешниот шампон во ПМФЛ. Тие претставуваат светла иднина на Работнички и веќе се дел од сениорскиот погон под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

Работнички веќе ја одработува првата фаза од зимските подготовки, а за една седмица ќе го има и првиот тест дуел. Прв противник ќе му биде тимот на Борец, а три дена подоцна ќе се сретне со Тетекс. На 26 јануари тимот ќе замине во Охрид, каде ќе ги продолжи подготовките.

До крајот на истите, фудбалерите на Влахо ќе се соочат со Ренова, Струга Трим Љум, Пелистер и Тиквеш.

По есенската полусезона Работнички стои на седмото место на табелата со 24 освоени бода. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.