ВИДЕО: Тројца се повредија на „Гудисон парк“, Челзи ги грабна бодовите

Англискиот премиерлигаш Челзи со победа ја отвори новата сезона во Премиер лигата и освои три бода на гостувањето кај Евертон (0-1) на „Гудисон парк“. Така, „сините“ ја забележаа првата победа на овој стадион од 2017 година.

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот го одбележаа три повреди, па поради тоа мечот траеше 108 минути. На средбата прво се повреди Бен Годфри кој во 18. минута доживеа незгодна повреда, а потоа во вториот дел не издржаа Јери Мина и Калиду Кулибали.

Во првото полувреме Челзи правеше голем притисок пред голот на Евертон, а изведе дури 12 корнери. Имаше шанси за погодок од игра, но не успеа. Ама затоа го казни пеналот кој го направи Мина. Стрелец на голот за три бода беше Жоржињо во 49. минута, во екстра-времето во првиот дел.

На овој натпревар за Челзи дебитираше и новото засилување Кукуреља. Најскапиот лев бек во светот кој дојде од Брајтон влезе на местото на повредениот Кулибали во 75. минута и играше до финишот.

Состави

Френк Лампард

5-4-1

    Томас Тухел

    3-4-3