Тројца Бразилци и четворица Аргентинци во најдобриот тим на Копа Америка

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, конечно го оствари својот сон и за првпат во својата богата кариера освои трофеј со Аргентина.

„Гаочосите“ одиграа фантастичен турнир во Бразил и со победата над домашната селекција по 24 години пауза повторно се освојувачи на Копа Америка. Меси и на овој собир беше првата ѕвезда на Аргентина и најзаслужен за големиот успех, а токму тој е и предводник на најдобриот тим на овој шампионат.

Друштво на аргентинскиот виртуоз им прават соиграчите Де Пoл, Ромеро и Лаутаро Мартинез, а Бразил во овој избор има тројца претставници: Нејмар, Касемиро и Маркињос.

  • Идеалниот тим на Копа Америка:

Човек на одлука во големото финале на „Маракана“ беше Анхел Ди Марија со фантастичен гол со лоб удар во 22. минута.