• Иван Димовски
Реал Мадрид со минимални 1-0 против Депортиво Ла Коруња го освои пријателскиот турнир „Тереса Херера“, но триумфот падна во втор план поради несекојдневниот пехар кој им припадна на „Кралевите“.
Брахим Диаз го постигна единствениот гол во финишот на првото полувреме, во натпревар во кој Реал ротираше со составот и им даде минутажа на повеќе фудбалери во пресрет на новата сезона.
Сепак, вистинската атракција следеше по последниот свиреж. Пехарот на традиционалниот турнир е огромен и практично е невозможно еден човек сам да го подигне или понесе.
¡Levantar el Trofeo Teresa Herrera es cosa de dos! pic.twitter.com/RNLu7DbPAI
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 12, 2026
Токму затоа, двајца играчи на Реал мораа заеднички да го изнесат трофејот од теренот.







