Трофеј како утеха и декор на сезоната за Порто или Брага

По шампионската трка, во која и двете екипи останаа зад Бенфика, финалето на Купот на Португалија е можност за Брага и Порто да ја подобрат сезоната со трофеј и триумфално да заминат на одмор.

Порто и покрај серијата победи не успеа да го престигне лисабонскиот тим во фотофинишот на трката, а последниот натпревар од сезоната го дочекува во одлична форма, но со горчлив вкус во устата. Од друга страна, Брага многу порано киксира во борбата во првенството, но и покрај расфрланите бодови го задржа местото пред Спортинг и се пласира во Лигата на шампионите.

Сите квоти во МОZZART за финалето Порто - Брага

Мартовската средба во првенството заврши без голови и тоа на најдобар начин најавува што може да очекуваме во финалето, а со оглед на влогот, сигурно е дека ривалите нема да ризикуваат премногу. Сепак, офанзивците на двата тима беа расположени во претходниот период, па јасно е дека одбраните ќе бидат ставени на сериозни тестови, особено пред Мехди Тареми на едната и Рикардо Орта на другата страна.

Колку е неизвесен исходот од дуелот меѓу претстојните ривали најдобро говори нивниот меѓусебен настап во претходните три години во кои финалистите се сретнаа десет пати со четири победи на Брага, три победи на Порто и три нерешени. Наш предлог е да се обложиме на умерен број голови, а кога е крајниот исход во прашање, ги фаворизираме „змејовите“.