ВИДЕО: Трката за ЛШ ќе биде пеколна – Интер загуби, Аталанта се избори за реми со Јуве! 

Трката за последните две места кои идната сезона водат во Лигата на шампионите ќе биде пеколна во последното коло на Серија А, затоа што вечерва Аталанта приреди изненадување во Торино, додека Интер немаше сили за победа на гости кај големиот ривал Наполи. 

„Јувентус Алијанц Стадиум“ со прекрасна атмосфера му кажа збогум на својот предводник Масимилијано Алегри и на ветеранот Андреа Барзаљи, но фудбалерите на Јувентус не успеаја со победа да ги испратат од својот до“. „Старата дама“ одигра само 1-1 против незгодниот тим од Бергамо, а најзаслужен за тоа е Марио Манџукиќ, кој во 80. минута ја затресе противничката мрежа и го постави конечниот резултат. Во судиското надополнување Бернардески заработи исклучување. 

  • Извештај од натпреварот Јувентус - Аталанта:

Претходно, голема радост за фановите на Аталанта донесе Јосип Иличиќ со гол во 33. минута. Алегри, својата петгодишна ера во гигантот од Торино со кој освои пет скудета ќе ја заврши следниот викенд, на гости кај Сампдорија. 

Во вториот вечерен натпревар екипата на Интер не успеа да го потврди учеството во Лигата на шампионите, откако со 4-1 загуби на гости кај Наполи, екипа која уште од поодамна обезбеди место меѓу европската елита и сезоната на Серија А ќе ја заврши на втората позиција. 

Избраниците на Карло Анчелоти тотално го надиграа големиот ривал. Зјелински со еврогол од далечина го отвори резултатот во 16. минута, додека во вторите 45 минути мрежата на Интер ја затресоа уште Мертенс и Фабиан Руиз (2) за убедливи 4-0. Единствениот погодок за тимот од Милано го постигна Икарди од пенал, откако во игра влезе на стартот од второто полувреме.  

По вечерашната разврска, Интер падна на четвртата позиција и во последното коло ќе мора да извојува победа над Емполи, додека Аталанта својот историски пласман во Лигата на шампионите ќе има шанса да го потврди на дуелот со Сасуоло.

  • Извештај од натпреварот Наполи - Интер: 

Се разбира овие исходи важат само доколку нивните конкуренти Рома и Милан извојуваа победи во последното коло. Миланезите ќе се судрат со СПАЛ во Ферара, а Рома игра со Парма на „Олимпико“.