• Зоран Мишевски
Експанзијата на женскиот фудбал е тотална. Трите најгледани женски натпревари во Европа во 2022 година се подвиг еднаков и за машкиот фудбал. Рекордот го држи првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Волфсбург со 91.648 навивачи, а 95 луѓе помалку присуствуваа на четвртфиналето помеѓу Бaрса и Реал Мадрид.
Англија синоќа по продолженијата ја совлада Германија со 2-1 и го освои првиот голем трофеј во женска конкуренција. На натпреварот на „Вембли“ присуствуваа 87.192 гледачи, што е нов рекорд за континенталните првенства, па сега трите најгледани натпревари во Европа во 2022 година се во женска конкуренција!
Ова е сериозна провокација за фудбалерите, кои во 2022 година мора да го вратат приматот. Таргетирани натпревари се финалето на ФА Купот и натпреварите на Реал Мадрид, штом ќе биде целосно реновиран „Сантијаго Бернабеу“.