ВИДЕО: Трипие со ремек-дело од СЛОБОДЕН УДАР носи англиско водство во Москва

Одлично започна дуелот на „Лужники“ во Москва, со гол по само пет минути игра и водство на четата на Герет Саутгејт.

Во 4. минута Модриќ направи еден непотребен фаул на околу 18 метри, а иако сите очекуваа слободниот удар да го изведе Кејн, тоа го направи Киран Трипие, кој со прекрасен удар го матира Субашиќ и донесе вистинска ерупција на трибините, каде се сместени навивачите на „Гордиот Албион“

Репрезентацијата на Англија прави обид да го обезбеди своето прво финале по далечната 1966 година, кога воедно беа и светски шампиони, а Хрватите атакуваат на својот прв пласман во финалето.