Трипие само втор англиски фудбалер со гол од слободен удар по 1966 година

Англискиот репрезентативец, Кевин Трипие си обезбеди место во историјата на „Гордиот Албион“, откако во полуфиналето против Хрватска на Мундијалот во Русија постигна извонреден погодок од слободен удар.

Имено, Трипие е само втор англиски фудбалер по Мундијалот во 1966 и светската круна, кој постигнува гол од слободен удар. Пред него тоа на двапати го направи Дејвид Бекам, кој постигнуваше гол од слободен удар на Мундијалите во 1998 и 2006 година.

Колку за споредба, репрезентацијата на Англија, Мундијалот од 1966 година на домашно тло го освои со 11 постигнати гола, а денешниот гол на Трипие е 12-ти за четата на Герет Саутгејт на Мундијалот во Русија.