Тримесечна суспензија за Меси заради обвинувањата за корупција во КОНМЕБОЛ

Јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ ја изрече дефинитивната казна за Лионел Меси по црвениот картон добиен во натпреварот за третото место на Копа Америка против Чиле и подоцнежните коментари за корупмпирано натпреварување.

Капитенот на аргентинската репрезентација три месеци нема да биде дел од својата селекција и нема да игра за својот национален тим до крајот на 2019 година. Со тримесечната казна Меси ќе ги пропушти пријателските натпревари против Чиле, Мексико и Германија, а по суспензијата од еден натпревар изречена пред еден месец, нема да игра и во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар.

Така, следниот натпревар на кој ѕвездата на Барса може да биде повикан ќе биде дуел од квалификациите дури во март 2020 година. Аргентинската федерација мора да плати и парична казна од 50.000 евра.

Ова е најдолга казна во професионалната кариера на ѕвездата на Барселона.