• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Иван Тричковски постигна погодок за АЕК Ларнака во лудиот натпревар против Етникос Ахна во чии редови има две македонски имиња.
Натпреварот беше неверојатен, заврши со резултат 5-5. Првото полувреме беше за верувале или не - со резултат 4-4. Тричковски го постигна шестиот гол на натпреварот, за 3-3, кога во 30. минута реализира со глава.
На овој натпревар за Етникос Ахна настапи Стефан Спировски, кој влезе од клупата за резерви, исто беше и со Кире Ристевски кој влезе на теренот во второто полувреме. Третиотчлен на оваа екипа, голманот Мартин Богатинов, остана резерва до крајот. Интересно е што овој дуел понуди и 11 гол во финишот за АЕК Ларнака, но беше поништен со ВАР.
За Тричковски ова беше првенец во новата сезона во кипарскиот фудбал.