• Зоран Мишевски

Македонските фудбалери имаа одличен викенд во шампионатот на Кипар. Меѓусебе се соочија поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски со АЕК Ларнака и Чедомир Јаневски и Давор Здравковски со АЕЛ Лимасол во натпреварот од 24. коло од првата лига на Кипар.
Напаѓачот Тричковски погоди за АЕК Ларнака од пенал во 42. минута, но испирирани од одличниот Здравковски домаќините приредија пресврт и издвојуваа победа од 2-1.
АЕК Ларнака и покрај поразот е лидер, а АЕЛ Лимасол сега се искачи на осмата позиција.