Тричковски со „Златната копачка“ и наградата за нај-напаѓач на Кипар!

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски ги доби заслужените награди за блескавата ланска година која ја имаше на Кипар во дресот на АЕК Ларнака.

Напаѓачот на церемонија организирана од Здружението на спортски новинари го доби признанието за најдобар стрелец, откако лани постигна 20 погодока во најквалитетниот кипарски фудбалски шампионат.

Исто така, Тричковски го понесе признанието и за најдобар напаѓач во идеалниот тим за 2020 година.