Тричковски со два гола од пенал донесе победа за АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжи да ги полни мрежите на Кипар, каде важи за еден од најдобрите напаѓачи во лигата.

Тричко, кој ги брани боите на АЕК Ларнака, беше двоен стрелец во победата над АЕЛ Лимасол (3-1). Македонецот даде два гола од белата точка. Првиот пенал тој го шутираше во 15. минута, додека вториот беше во 54. минута.

АЕК Ларнака е на петтото место во кипарскиот фудбалски шампионат, а Тричковски со 17 постигнати гола е апсолутен лидер на листата на стрелци.