ВИДЕО: Тричковски со два гола ја одјави сезоната во Кипар

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски со победа и два гола ја заврши сезоната во Кипар во дресот на АЕК Ларнака.

АЕК ја прекина кризата и победи против Анортозис на гостински терен (0-2), а Тричко беше стрелец на двата гола. Прво, Македонецот погоди во 66. минута по една мешаница во казнениот простор, додека вториот гол пристигна во 79. минута од пенал.

  • Головите на Тричковски против Анортозис:

Напаѓачот ја заврши сезоната со 16 постигнати гола. Лигашкиот дел на Кипар заврши само во шампионската група, а има уште натпревари во плеј-аутот.