Тричковски со блесоците доби место во тимот на сезоната на Кипар

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски игра одлична сезона на Кипар и токму затоа доби место меѓу најдобрите.

Играчот кој се пензионира од националниот тим по ЕП 2020 заврши како втор стрелец во регуларниот дел со десет гола и три асистенции, додека во „шампионскиот дел“ и разигрувањето за титула и Европа додаде уште четири гола.

Затоа, Тричковски доби место во идеалниот тим и во нападот во тимот на сезоната на Кипар. Ова не е првпат Тричко да го добива ова признание затоа што со години игра одлично во дресот на АЕК Ларнака.

АЕК Ларнака до крајот на сезоната се бори за место во квалификациите за Европа.