Тричковски со 72 гола стана најдобар стрелец во историјата на АЕК Ларнака

Тричко

Македонскиот интернационалец во дресот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски, постигна историски погодок во денешната победа на гостувањето кај АЕ Лимасол (2-3).

Неговата екипа стигна до третата победа во низа во плеј-офот во кипарскиот шампионат, втора последователна на гостински терен.

Денешната реализација е посебна за 31-годишниот офанзивец бидејќи со истата се искачи на врвот меѓу најдобрите стрелци во историјата на клубот. Сега нашиот репрезентативец има 72 гола во тимот за кој игра од 2016 година.

Ова воедно е и најдобро достигнување на Тричко кој со 15 гола ја игра најдобрата сезона во својата кариера на Кипар. Претходно рекордот му стоеше на 14 реализации во сезоната 2016/17.