ВИДЕО: Тричковски се налути и му даде три гола за 20 минути на Енозис

Иван Тричковски, македонскиот фудбалски репрезентативец одигра уште еден фантастичен меч во дресот на АЕК Ларнака, во лудиот натпревар во рамки од домашниот шампионат против Енозис, кој заврши со 4-4. 

Искусниот голгетер, кој поради повреда не беше во составот на Ангеловски за дуелот со Полска во Варшава, беше незадржлив за противничката одбрана и незаборавниот меч го заврши со три постигнати гола. АЕК имаше негатива од 1-3 на полувреме, но во вториот дел на сцена стапи Тричковски и за 20 минути даде три гола и не дозволи пораз на својата екипа. 

Со овие три гола, Тричковски се зацврсти на лидерската позиција кај стрелците во кипарскиот шампионат и сега има четири гола повеќе од Шпанецот Рајо кој е на втората позиција.