ВИДЕО: Тричковски погоди во убедливата победа на АЕК Ларнака против Алки

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски има причини за задоволство од формата на напаѓачите. Така, денес Иван Тричковски повторно се запиша во листата на стрелците за АЕК Ларнака во кипарскиот шампионат.

Тричковски го постигна третиот погодок на гостувањето против Алки во деветтото коло од шампионатот на Кипар. Тричковски погоди во 50. минута и ја потврди победата вредна три бода.

АЕК Ларнака по девет кола се на четвртата позиција на табелата со 16 освоени бода.