ВИДЕО: Тричковски пак стрелец, но АЕК Ларнака се збогува со титулата

Продолжува серијата на голови на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски за АЕК Ларнака.

На гостувањето против Аполон на стартот од плеј-оф разигрувањето од кипарскиот шампионат, АЕК Ларнака одигра само 2-2, а Тричковски погоди во 81. минута од средбата за намалување на резултатот на 2-1, за во 92. минута гостите и да изразмнат. 

АЕК Ларнака на две кола до крајот има 72 бода, четири помалку од лидерот АПОЕЛ Никозија (бивш клуб на Тричковски), кому му треба само уште победа за титула.