ВИДЕО: Тричковски пак стрелец, АЕК извлече реми на дербито во Никозија

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски ја продолжува својата гол серија во кипарскиор шампионат. Напаѓачот на АЕК Ларнака го постигна голот за водство на својата екипа на гостувањето во Никозија против Олимпијакос. Дуелот заврши без победник, 2-2, а најголем виновник е гостинскиот фудбалер Тете кој во 52. минута заради два жолти картони заработи исклучување.

Во тежок и тензичен натпревар, пеналот кој во гол го претвори Тричковски во 27. минута на АЕК Ларнака му донесе предност од 1-2. Сепак, предолго Олимпијакос Никозија играше со човек повеќе за да не ја искористи превласта и да израмни на 2-2.

Головите за домашната екипа ги постигнаа Закириу во 31. минута и Ајите во 70. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Ова е второ реми во третиот натпревар сезонава за АЕК Ларнака, па во очекување на останатите натпревари од колото, екипата на Иван Тричковски се искачи на второто место со пет бода.