• Горан Упале

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски продолжува да тресе мрежи во Кипар, откако вечерва стрелаше во ремито на неговиот АЕК Ларнака на гости кај Паеек (2-2).
Искусниот напаѓач оваа сезона игра во одлична форма во кипарскиот шампионат, а тоа го потврди и на вечерашниот натпревар, откако во 90. минута беше сигурен реализатор од белата точка, за водство на својата екипа од 1-2.
Но, АЕК на крај не се радуваше на победата, затоа што во 98. минута Капартис исто така од удар од единаесет метри погоди за конечни 2-2 и поделба на подовите.
34-годишниот Тричковски на тринаесет натпревари оваа сезона постигна девет гола и е прв стрелец на АЕК Ларнака, но и во кипарскиот шампионат.