Тричковски отпадна за Ерменија, но ќе биде спремен и ќе патува за Тбилиси

Сезоната на Кипар ја започна во одлична форма, постигна и гол на дербито со АПОЕЛ Лимасол, но физички не е спремен за натпреварот против Ерменија и ќе го прескокне дебито во Лигата на нации. Иван Тричковски ќе остане во групата и ќе патува за Тбилиси, каде ќе конкурира за место во стартниот тим на Ангеловски.

„Утре нема да настапи Тричковски бидејќи не го издржа последниот тренинг. Се надевам дека за Грузија ќе биде подготвен“, рече селекторот на денешната официјална прес-конференција. 

Тричковски тренираше со намален интензитет, па лекарскиот тим се обиде да го рехабилитира, но селекторот нема да го ризикува утре од 15:00 часот. На негово место, покрај Пандев, опции се уште Несторовски, Трајковски и Стојановски.

Најголема дилема на селекторот е голманската позиција и изборот меѓу Илиев, Шишковски и Богатинов.