Тричковски: Нема да застанеме со пласманот на ЕП, сакаме пласман во Лига Б

Македонија избори историски пласман на Европското првенство, откако во Тбилиси ја победи Грузија (0-1). Сега, пред момците на Ангеловски е нов предизвик, во името на Естонија. Иако има неколку промени во репрезентацијата, победа е императив во битката за првото место.

Пред натпреварот, на прес-конференцијата покрај Игор Ангеловски зборуваше и Иван Тричковски кој како еден од најискусните во отсуство на Пандев нагласи дека нема да застанат по пласманот на Европското првенство. 

„Истрошени сме психички и физички, ама ќе дадеме сè од себе да победиме. Од АЕК ни честитаа мене и на Спировски и многу се горди и чест им е што ќе ги претставуваме на Европското првенство.

Утре со Естонија, имаме должност и желба да се бориме и да докажеме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Ако ги добиеме двата дуели би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата“, изјави Тричковски.

Нашата селекција го има пласманот во плеј-офот од Лигата Ц во свои раце, па со две победи над Естонија и Ерменија, како и одржување на подобрата гол разлика од Грузија би биле први во групата 2.