ВИДЕО: Тричковски и Мојсов учествуваа во минималецот на АЕК Ларнака

Тричковски Мојсов

Двајцата македонски интернационалци кои се дел од екипата на АЕК Ларнака, Иван Тричковски и Даниел Мојсов, започнаа од првата минута на денешниот меч против Петрокуб од Молдавија.

Кипарскиот прволигаш обезбеди минимална предност по првиот меч во рамки од квалификациите за Лига Европа.

Стрелец на единствениот погодок беше Хектор Хевел уште во третата минута. Тој реализира прекрасен погодок од слободен удар со кој обезбеди предност за својата екипа пред реваншот на гостински терен.

Тричковски го одигра дуелот како капитен, а дефанзивецот Мојсов беше заменет на пет минути до крајот.