ВИДЕО: Тричковски и Мојсов со АЕК Ларнака го освоија Купот на Кипар

Македонските интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов ја зголемија својата колекција на трофеи, откако со АЕК Ларнака дојдоа до триумф во финалето од Купот на Кипар.

АЕК Ларнака во мечот за титула го надигра Аполон и тоа го совлада со пресврт (2-1). Македонците го одиграа целиот натпревар, но не успеаја да се запишат во листата на стрелците.

Поради победата во финалето кое се одигра во Никозија, нашите двајца фудбалери со тимот ќе играат во квалификациите за Лига Европа.