ВИДЕО: Тричковски и АЕК Ларнака по пеналите елиминирани од Мидтјиланд во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, со својата АЕК Ларнака, ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, откако забележа елиминација во второто коло.

На реванш-средбата против данскиот тим на Митјиланд, АЕК Ларнака пред својата публика одигра без победник (1-1) како што заврши и нивниот прв меѓусебен дуел во Данска, па прашањето на патникот во третото коло беше решен по изведувањето на пеналите. Во ударите од единаесет метри поуспешни беа данските фудбалери, победувајќи со 3-4.

Тричковски беше стартер и ги одигра сите деведесет минути од регуларниот дел на натпреварот, но на почетокот од продолженијата беше заменет.

  • Извештај од натпреварот: 

АЕК Ларнака со оваа елиминација не ги заврши европските предизвици, затоа што продолжува во третото квалификациско коло од Лига Европа.