• Горан Упале
Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски, одново беше стрелец за својот тим АЕК Ларнака. Во рамките од 16. коло од кипарскиот шампионат „зелено-жолтите“ по пресврт го совладаа тимот на Доха, а херој на победничкиот тим беше токму македонскиот напаѓач.
Докса, каде што настапуваат Македонците Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски преку Наби поведе со 0-1 уште во десеттата минута. Овој резултат беше активен до стартот на последната третина од натпреварот, кога Гама израмни на 1-1, додека во 82. минута Тричковски го совлада Шишковски и му донесе голема победа на својата екипа.
36-годишниот напаѓач оваа сезона одигра единаесет натпревари за АЕК Ларнака и вечерашниот погодок беше негов четврти во домашниот шампионат.