ВИДЕО: Тричковски е гол-машина, македонскиот голгетер реализира шесто коло во низа

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски уште еднаш се запиша во листата на стрелци за АЕК Ларнака.

34-годишниот голгетер на почетокот од мечот против Паек искористи еден центаршут и со глава ја затресе гостинската мрежа.​ 

За искусниот фудбалер ова е шесто коло во низа во кое постигнува барем еден погодок.