Тричковски: Албанците имаат лоши страни, треба да го исполниме зацртаното од селекторот

Пред последниот тренинг и подготовката на нашата репрезентација воочи мечот со Албанија, еден од лидерите на оваа селекција Иван Тричковски откри дека Албанците имаат добри и лоши страни, како и нашата селекција. 

„Не треба премногу да се трошат зборови за противникот. Албанците влегуваат како фаворити, но ние не дојдовме да се предадеме. Треба да ги исполниме целите кои ги зацрта селекторот и верувам во позитивен резултат. Албанската селекција има добри и лоши страни, како и ние. Ќе се обидеме да ги наметнеме нашите карактеристики и да ги откриеме нивните лоши страни“, истакна Тричковски.

Пред неполна деценија Македонија на гости ја победи Албанија со 0-1 со голот на Стевица Ристиќ и сега се надева дека ќе може да го повтори резултатот од псоелдниот дуел.