ВИДЕО: Тричко злато вреди за АЕК Ларнака - еден гол и три бода против Докса

Минатата недела погодуваа Пандев и Елмас, две недели по ред Ивановски е стрелец за Диосѓер, а денес меѓу стрелците се запиша уште еден македонски интернационалец. Најдобриот странски стрелец во историјата на АЕК Ларнака, Иван Тричковски погоди на гостувањето на својата екипа против Докса, а подоцна се испостави дека неговиот гол беше единствен и победеносен (0-1).

Поранешниот фудбалер на Работнички погоди во 54. минута и потврди дека повредата е минато. Македонецот прими една топка со левата нога, си ја префрли до десната и со рутинска реализација во манира на роден стрелец го одлучи победникот. Во екипата на Докса настапи поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски. Даниел Мојсов не настапи за победничката екипа. Радува добрата форма на Тричковски пред мартовската завршница на Лигата на нации.

  • Извештај од натпреварот: 

Со овие три бода АЕК Ларнака остана на петтото место со 28 бода, дванаесет помалку од лидерот Анортозис.