ВИДЕО: Тричко влегува во ритам пред Косово, со ефектен гол донесе победа за АЕК!

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски влегува во ритам во пресрет на историскиот дуел против Косово во Лигата на нации, откако денес повторно се запиша во листата на стрелците за АЕК Ларнака.

Популарниот Тричко кога беше најпотребно ја презеде одговорноста и со ефектна завршница го комплетира пресвртот на својот тим и ги постави конечните 2-1, во дуелот со АЕК Лимасол.

  • Голот на Тричковски за победа на АЕК:

Тричковски ги одигра сите 90 минути, исто како и дефанзивецот Мојсов, додека Стефан Спировски кој исто така започна од првата минута, беше заменет по завршувањето на првото полувреме. 

За 33-годишниот напаѓач вечерашниот гол беше негов трет овосезонски во кипарскиот шампионат, а со истиот ја искачи екипата на АЕК Ларнака на делба на лидерската позиција со Омонија.