ВИДЕО: Тричко стрелец од пенал, АЕК Ларнака со победа ја почна сезоната

Старите навики од минатата сезона, поранешниот репрезентативец, Иван Тричковски ги пренесе и во новата. Капитенот и најдобар фудбалер на кипарски АЕК Ларнака се запиша во листата на стрелци на својот тим во победата над Омонија од 2-1, во рамките на првото коло на шампионатот на оваа земја.

Тричко погоди од пенал во 55. минута за 1-0. Дербишајр во 75. минута зголеми на 2-0 и го трасираше патот до победата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Тричковски ја започна својата петта сезона во АЕК Ларнака, со импресивни бројки зад себе. Вчерашниот гол за него беше 86-ти во шампионатот на Кипар, на 142-от напревар. Претходно за АПОЕЛ Лимасол одигра 51 натпревар и постигна 17 гола.